Loading...

Што значи да си имаш работа со Шкорпија


Шкорпијата е страстен љубовник и лојален другар. Таа ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.

Одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите шкорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи. Шкорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.

Во потрага по вистината

Овие особи имаат навистина „длабока“ душа и тие често психички навлегуваат во суштината на светот околу нив, барајќи ја вистината и одговорите, со цел да пронајдат задоволство во секој сегмент од нивното патување низ животот. Тие се задлабочуваат во нивната сурова реалност, што од своја страна може да доведе до изолирање во нивните мисли. Кога шкорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Простувањето не е јака особина на шкорпијата.

Интуитивни личности

Страни: 1 2 3 4