Што ви се допаѓа, а што не за новогодишните празници?



Дали ја знаете етимологијата односно потеклото на поимот празник? Тој произлегол од она што во минатото претставувало празен ден, ден кога легитимно било оправдано да не се работи со цел посветување на семејството, роднините и пријателите односно повод како да се соберат блиските и заедно да споделат пријатни мигови.


Покрај ова денотативно значење на поимот празник, секој од нас има посебно индивидуално конотативно значење на овој поим. Ова значење произлегува од личното искуство и може да биде позитивно или негативно, но најчесто има и позитивна и негативна обоеност за различни аспекти.

Една од младите дами која е редовен посетител на lady.mk, со нас и со вас реши да сподели какво е нејзиното значење на новогодишните празници преку одговарање на прашањето: “Што ви се допаѓа (+), а што не (-) во новогодишните празниците?”.


Еве кои според неа се позитивните и негативните страни на новогодишните празници:

(-) чувството на бескорисност во првите денови од Новата година кога само се јаде, спие и ти е целосно изместен биоритмот


(-) комплицираното договарање каде да се слави Нова година поради високите цени на понудите и тешкото усогласување на желбите на сите во друштвото

(-) нефункционалноста на државните институции кои од славење “не можат” да работат

(-) петардите и Дедо Мразовците на плоштад кои од сите страни те влечат да се сликаш со нив, без разлика дали си дете или повозрасен

Страни: 1 2