Што ви се допаѓа, а што не за новогодишните празници?



(+) украсеноста на домовите, дворовите и воопшто градот што создава весела и топла атмосфера (+) поводот да се чуеш и видиш со доста луѓе


(+) подароците и честитките дадени од срце

(+) убавата и богата несекојдневна трпеза


(+) поттикнувањето на креативноста во целите подготовки

(+) новогодишната/божиќната музика и богатата и интересна телевизиска програма


(+) семејната атмосфера и заедничкото гледање на Виенскиот концерт на 1 Јануари

(+) поводот да направам осврт и анализа на поминатата година и сопствените постигнувања во неа, како и да размислам за плановите и целите што сакам да си ги поставам и остварам во годината што следи

Размислете каков е вашиот став во однос на новогодишните празници. Обидете се да се фокусирате на позитивните и да ги игнорирате или пак да ги сфатите како неизбежни оние негативните аспекти со цел празниците што претстојат да си ги направите што е можно поубави.

Не заборавајте, се зависи од сопствената перцепција на работите како и од изборите кои самите ги правиме или пак не ги правиме за себе.

Би сакале да ги слушнеме и вашите размислувања. Повелете, споделете го вашето мислење на нашиот форум како за оваа тема, така и за други теми кои и самите може да ги иницирате.

Страни: 1 2