Што ви подготвува љубовниот хороскоп за Април?



Прочитајте како ќе фукционира вашиот љубовен живот и која оценка ви ја даваат астролозите за квалитетот на живеење за вашиот хороскопски знак во Април


Овен

Венера ќе трестојува во вашиот знак во првата половина од месецот, што ќе ви донесе поволни љубовни можности. Ако сте слободни, ќе бидете исклучително шармантни и привлечни, а мажите ќе се борат за вашата наклонетост. По 15ти, ќе ве привлекуваат смирени и и средени личности кои би можеле да ви понудат сигурност. Ако сте во врска, односот со саканиот ќе ви биде исполнет со страст и возбуда. Ќе уживате во заеднички поминатото време, а многу парови успешно ќе си ја обноват страста.


Бик

Слободните Бикови во првиот дел од месецот ќе бидат наклонети кон самопотценување, а недостатокот на самодоверба ќе ги спречи да ја достигнат љубовната среќа. Влеувате во врска со неискрени и манипулативни личности, па дури и со некој кој е зафатен, што нема да и помогне да ја подигнете самодовербата. На зафатените Бикови ќе им треба повеќе мир и самотија, а тоа партнерот би можел да си го сфати како да сте заситени од врската. Пробајте да ја урамнотежите вашата потреба за осаменост со неговите потреби.


Близнаци

Слободните ќе водат богат и возбудлив социјален живот и ќе се збогатат со многу нови познанства. Пред се ќе запознаете многу нови луѓе, ќе уживате во забавата и флертот, немате потреба од започнување на нова врска. Некои ќе се сплеткаат со пријател или познаник кој од секогаш ви се допаѓал, а таа врска ќе има добри темели бидејќи ќе се базира на пријателство. Зафатените на сите можни начини ќе се обидат да ја освежат својата врска. Нема да дозволите вашиот однос да западне во фаза на монотонија, па ќе инсистирате на заеднички излегувања со саканата личност, па дури иако тој не е расположен за тоа.

Страни: 1 2 3 4