Што ви подготвува љубовниот хороскоп за Април?



Водолија


Првата половина од месецот на зафатените ќе им остане во убаво сеќавање. Интензивната комуникација и дружење со партнерот ќе ви помогне вашата врска да ја искачите на повисоко ниво,а излетите, планинарењето и долгите прошетки ќе се покажат како одлична можност за поминување на заедничкото време. Исто и за слободните, првата половина од месецов ќе остане во добро сеќавање. Доколку барате сродна душа, не одбивајте ги поканите за патување, забави или излегувања. Одењето на спортски настани, посета на интелектуални собири или посета на некој курс ќе се покаже како одличен начин за стекнување нови познанства.

Риби


Слободните Риби мечтаат за сериозна и стабилна врска, па ќе им дадат можност само на зрелите и успешни личности  кои имаат сеиозни намери. Во партнерот ќе барате потпора и поддршка, а ќе обрнете многу внимание и на имотната состојба на другата страна. Во вториот дел од месецот ќе водите возбудлив социјален живот, а нови познанства ќе стекнувате на секој чекор. Ќе уживате во забава и флерт, а едно случајно познанство ќе се покаже фатално. Рибите кои се во врска ќе се занимаваат со преуредување на домот или купување нов автомбил. Ќе настојувате да го унапредите квалитетот на живеење, па ќе ви се чини дека разубавувањето на животниот простор е добар почеток.

Страни: 1 2 3 4