Што ве очекува во октомври според хороскопот



Стрелец


Кариера и пари:

Време е за акција! Марс ќе бидево вашиот знак, кој ќе ви донесе повеќе динамичност и иницијатива. Овој месец ќе почувствувате зголемена енергија за извршување на обврските. Откако Марс ќе формира тројство со Јупитер, вашиот водач, и со Уран, бидете подготвени за многу успеси во кариерата. Финансиски, не ви се препорачува да ризикувате.


Здравје:

Со Марс во вашиот знак, вие ќе бидете во одлична форма, полни со сила. Препорачливо е да во последната недела од октомври да пазите на здравјето, можеби е време за крвна слика.


Љубов:

Меркур, водачот на вашата куќа на парови, ќе се движи ретроградно од вашиот знак, а тоа значи дека работите воопшто нема да бидат лесни. Овој месец можно е да се фокусирате на работи кои се случиле во минатото, а за кои сте се двоумеле дали правилно сте постапиле. За многу кратко време можете повторно да западнете во романса со поранешниот партнер.

Совет: Делувајте стратегиски и смирено.

Јарец

Кариера и пари:

Вашата кариера овој месец ќе биде одбележана со важни настани од професионален аспект. Тоа ќе биде затоа што Венера, водачот на вашата куќа на кариера, ќе биде поврзана со затемнувањето на сонцето и на месечината. Овој месец, парите ќе го најдат патот до вас.

Здравје:

Постојат многу стресни ситуации кои ќе влијаат на вашето здравје. Марс ќе ве изложи на послаб имунитет, а Меркур, пак, ќе биде во ретроградно движење од вашиот знак.

Љубов:

Положбата на Венера, планетата на љубовта, ќе биде во највисоката позиција од хороскопот, а со тоа максимално ќе можете да го покажете вашиот шарм. Исто така, можно е да бидете заведени од луѓе кои имаат добар имиџ, моќ и престиж. Од друга страна, затемнувањето на месечината прогнозира необични настани кои ќе направат промени во вашата љубовна врска.

Совет: Не се потпирајте премногу на другите.

Водолија

Кариера и пари:

Марс, водачот на вашата куќа на кариерата, ќе биде во среќна куќа која ќе формира огнено тројство заедно со Јупитер и Уран. Оваа комбинација ќе ви донесе многу енергија на работното место и успех во некои нови договори. Октомври ви ветува доста добра сума на пари.

Здравје:

Ќе бидете во одлична физичка форма во текот на целиот месец. Бидете посебно внимателни кога патувате! Затемнувањето на месечината може да ви донесе потенцијален ризик и несреќи.

Љубов:

Овој месец многу ќе се социјализирате и ќе запознаете нови луѓе, а со тоа ќе запознаете нови луѓе. Некои од вас ќе поминат низ динамичен период, во кој ќе имаат караници со партнерот. Доколку не сте во врска, и барате сродна душа, овој месец ќе имате можност да запознаете некој со кој го делите истото мислење. Што се однесува до сексуалното ниво, можно е да бидете во дилема и да барате некои одговори од минатото.

Совет: Не кажувајте работи за кои подоцна можете да се покаете!

Риби

Кариера и пари:

Планетата Марс ќе биде во вашата куќа на кариера, а тоа ќе донесе хармонични моменти. Ова ќе биде еден активен и амбициозен месец кога станува збор за професионалното поле. Вашите проекти и вашиот труд ќе бидат наградени. Затемнувањето на месечината може да ви донесе неколку шанси за унапредување.

Здравје:

Вашиот капацитет за равота ќе биде доста подобрен за разлика од минатиот месец. Како и да е, физичката состојба нема да ви биде најдобра. Посетете лекар.

Љубов:

Меркур, водачот на вашата куќа на парови, ќе започне со ретроградно движење на 4-ти октомври, на 10-ти октомври ќе влесе во вашата 11-та куќа, каде ќе биде и Венера, планетата на љубовта. Можно е да се соочите со некакви неволи со некој од минатото. Доколку не сте во врска, потрудете се да го промените тоа, бидејќи не треба секогаш да чекате личноста од спротивниот пол да го повлече првиот чекор.

Совет: Трошете ги парите рационално.

Извор: srekja.mk

Страни: 1 2 3 4