Што ве очекува во октомври според хороскопот



Девица


Кариера и пари:

Ве очекува интересен момент проследен со многу настани. Марс и Јупитер, планетите на акција и иницијатива, ќе ви донесат неколку добри зделки. Но, најважно е да бидете внимателни во врска со новите проекти, бидејќи Меркур ќе биде во ретроградно движење од вашата куќа на кариера, а тоа може да ви донесе мал неуспех.


Здравје:

Ќе се чувствувате истоштени, затоа не трошете премногу енергија. Обидете се добро да се организирате, физичките активности се добредојдени, но, потрудете се што повеќе да ја задржите вашата енергија.


Љубов:

За разлика од минатиот, октомври ќе биде мирен месец кога станува збор за вашиот љубовен живот. Се чини дека повеќе ќе бидете посветени на кариерата и другите аспекти од животот, отколку на љубовта. Некои од вас може да почувствуваат дека партнерот не им посветува доволно внимание. Доколку не сте вро врска, ова е месец во кој не треба да ја промените вашата состојба, бидејќи можете да пропуштите многу шанси кои ве очекуваат во периодот што следува.

Совет: Бидете сконцентрирани на работното место.

Вага

Кариера и пари:

Октомври ќе биде месец полн со обврски и контакти кои ќе ве одржуваат активни. Марс, заедно со Јупитер и Уран ќе ве поттикне да започнете со работа во тим, а тоа ќе ви донесе задоволство, но и многу замор. Не очекувајте работите да бидат секогаш како што сте испланирале! Затемнувањата (на сонцето и месечината) наговестуваат необични настани од финансиски аспект.

Здравје:

Нема да имате отсуство на енергија, но ќе ви недостига хармонија, а тоа може да му наштети на психолошкот механизам. Внимавајте на проблемите со аритмија, иритација и инсомнија. Препорачливо е да се сконцентитрате на она што е важно и да се релаксирате што почесто.

Љубов:

Неочекуваните пресврти можат секогаш да се случат, а токму тоа ќе биде главното случување во октомври. Венера, планетата на љубовта, ќе биде во вашиот знак поттикнувајќи ги вашите потреби за љубов и внимание. Затемнувањето на месечината, кое ќе се случи кога месечината ќе биде во вашата куќа на парови, може да ви донесе многу промени. Затоа, не чудете се доколку новиот партнер – е токму оној стариот.

Совет: Бидете смирени и донесувајте ги одлуките со ладна глава.

Скорпија

Кариера и пари:

Октомври ќе биде неверојатен месец од професионално гледиште. Јупитер и Уран ќе бидат во вашиот знак, а заедно Марс, кој ќе биде во вашата куќа на пари, ќе формираат огнена тројка која конечно ќе ви донесе успех од професионален и финансиски аспект.

Здравје:

Затемнувањето на месечината ќе се случи токму кога таа ќе биде во вашата куќа на болести, а тоа значи дека не треба да се шегувате со вашето здравје. Доколку забележите нешто необично, ви се препорачува веднаш да посетите доктор.

Љубов:

Веројатно сте имале многу посреќни периоди од овој – и најверојатно повторно ќе имате. За сега, октомври не верува многу среќа на љубовно ниво. Венера, планетата на љубовра, нема да биде овој месец многу дарежлива. Лоцирана во 12-тата куќа, прогнозира самотија, двоумење, неактивност. Вечерта на 23-ти октомври, ќе се случи необичен феномен: Затемнувањето на сонцето ќе биде во вашиот знак, со тесна поврзаност со Венера, која штотуку ќе пристигне во Скорпија. Токму овој настан ветува возбудлив крај на месецот, одбележан со страст, импулсивност и изненадувања.

Совет: Следете ги своите амбиции.

Страни: 1 2 3 4