Што ве очекува во ноември според хороскопот



Совет: Би било добро доколку не избрзувате во љубовните одлуки.


Близнаци

Кариера и пари:


Низ вашиот знак, овој месец ќе поминат повеќе планети, докажувајќи дека ова ќе биде месец на напнати активности. Можно е да се соочите со тешки задачи и „тешки“ луѓе. Вториот дел од месецот ќе биде многу повеќе релаксиран и да ви донесе успеси на професионален план. Што се однесува на финансиите, стрпете се од инвестирање.

Здравје:

Препорачливо е да се погрижите за вашето здравје, бидејќи овој месец е посебно критичен за вас. Кон крајот на месецот пазете се од сезонските настинки и грипови.

Љубов:

Доброто развивање на вашата моментална врска, или почетокот на некоја нова врска ќе зависат од вашиот начин на комуникација. Комуникацијата ќе ви биде оружје со кое ќе заведувате. Првата недела од овој месец сепак нема да биде добра колку што очекувате. Можна е караница со партнерот. Оние кои не се во врска, нека не очајуваат, наредниот месец ќе имаат повеќе среќа. 🙂

Совет: Бидете повеќе одговорни!

Рак

Кариера и пари:

Ноември ќе биде одличен месец за поттикнување на вашата креативност кога станува збор за кариерата. Ќе имате одлична можност да ја покажете вашата харизма и способност на работното место. Марс ќе биде во во вашиот знак, со што тимската работа и константниот успех се загарантирани.

Здравје:

Ќе зрачите со енергија и ќе бидете во добра форма. Шетањето и вежбањето ќе бидат вашите најдобри пријатели. И секако сексот! Сите овие активности ќе ви потрошат доста енергија и ќе ви помогнат да го отстраните стресот.

Љубов:

Подгответе се, следи месец полн со страсти! Сатурн, Сонцето, Венера и Меркур ќе бидат во вашата куќа на љубовта, па немојте да се изненадите доколку во љубовта сѐ ви оди онака како што сте замислиле. Ве очекуваат неколку состаноци со некоја личност која полека ќе стане секојдневие во вашиот живот.

Совет: Не чекајте, направете го првиот чекор!

Лав

Кариера и пари:

Нешто едноставно нема да ви оди како што треба. Дури иако сте успешни, само неколку луѓе ќе го забележат вашиот труд и стресот што го претрпувате. Ќе се чувствува многу напнатост на работа, а односите со колегите нема да ви бидат баш најдобри. Иако ќе имате финансиски притисок, парите сепак ќе најдат начин да стигнат до вас.

Страни: 1 2 3 4