Што уште ја открива сексуалната ориентација кај мажите и жените



Дали очите навистина се огледало на душата, уште никој не успеал да докаже, но, ни повеќе ни помалку, на научниците им успеало да ги поврзат очите и сексуалната ориентација.


Едно прилично едноставно истражување вклучувало гледање на видеа на мажи или жени кои што мастурбираат и неутрални сцени со пејзажи, а за време на гледањето снимани се нивните зеници.

Во истражувањето имало вклуечно од сите профили на сексуална ориентација, па на резултатите може да им се верува со прилична сигурност.


На кратко, зениците кај личноста се шират кога ќе видат личност која сексуално ги привлекува, без разлика на полот. Така кај хомосексуалците се ширеле на истиот пол, кај бисексуалците на двата, а кај хетеросексуалците на спротивниот пол.

Значи, ако личноста која ви се допаѓа ви е сомнителна, следете ги нејзините зеници кога поминува некоја привлечна личност од полот за кој верувате дека ја привлекува, па погледот ќе ви ги дадат сите одговори.