Што треба да знаете пред да ја исправите косата



Исправувањето на косата веќе е цела наука и како таква има многу сложностти кои треба да ги знаете за да го избегнете прегирувањето на влакното, недостатокот на волумен и зарамнетоста на косата на скалпот.

Ќе ви кажеме кои се најважните работи што треба да ги знаете пред да ја исправите косата:

Максимална температура – 160 степени

Важно е да знаете на каква температура да ја обликувате косата. Погрешно е сфаќањето дека максималниот степен на пресата ќе ви обезбеди подобра фризура. Секој кој редовно ја исправа косата, знае дека многу високата температура на апаратот може да ја оштети косата непоправливо. Максималната температура која се препорачува да ја користите е 160 степени.

Керамичка преса

Кога ќе одлучите да купите преса за коса, бидете сигурни дека нејзините плочи се керамички. Керамиката ја дистрибуира топлината рамномерно. Тоа е од суштинско значење, бидејќи сигурно не сакате преса, која има само неколку „жешки точки” – ова ќе го продолжи времето потребно за обликување на косата.

Навлажнување

Пред да ја местите косата, нанесете производи како заштитен спреј или крем со термичка заштита. Така косата ќе биде во можност да го издржи топлинскиот напад. Во никој случај не ве советуваме да ја користите пресата за коса секој ден. Правете го тоа барем во ден-два и не ја мијте косата секојдневно. Ако имате премногу мрсна коса, меѓу миењето користете сув шампон или бебешка пудра за да ги апсорбира мастите од скалпот.

Големина на пресата

Ако косата ви е долга и густа, изберете преса со широки плочи – тие покриваат поголема површина. И обратно – ако косата ви е кратка и фина, пресата со тесни плочи е идеална за вас.