Што треба да оставите во минатото



Веројатно сте слушнале дека не треба да живеете во минатото и не треба да мислите постојано за иднината, а да уживате во сегашноста. Минатото е наставник кој ни дава лекции од искуството.


Сепак постојат многу аспекти од минатото, за кои не треба да мислите повеќе и кои треба да ги оставите токму таму – во старите денови.

1. Оставете ги внатрешните борби во минатото. Прифатете ги внатрешните борби како дел од процесот за изградба на вашата личност и не се обвинувајте дека во даден момент не сте можеле да донесете одлука и сте биле многу пасивни или премногу активни.


2. Оставете ги повредите во минатото. Тоа си го должите најмногу на себе – простете на сите кои ве повредиле и започнете да гледате напред. Простувањето не е само нешто што го давате на човекот, кој ве повредил. Простувањето е вашата гаранција за внатрешен мир и душевен мир. Само простувањето може да ве ослободи од тешките синџири и да ви ги излекува најдлабоките рани.

3. Оставете ги грешките во минатото. Понекогаш ние треба да си простиме и на себе. Прифатете дека сте луѓе како сите други и дека и вие грешите. Единствениот начин да можете да живеете целосно, е откако заборавите за своите грешки и недостатоци. Имајте верба дека сега ќе грешите многу помалку.


4. Оставете ги вашите достигнувања во минатото. Понекогаш вашите достигнувања можат да се претворат во вистинска пречка за вашиот иден развој. Мора да сфатите дека тие се само дел од вас. Бидете благодарни за она што сте го постигнале – примете го со благородно срце, а не со помпезен ум.

5. Изберете ја вашата иднина, наместо своето минато. Ако сеуште мислите многу за нешта од минатото, вие нема како да правите адекватни планови за иднината. Прифатете дека она што се случило во изминатите денови веќе не може да биде променето, но вие имате целосна сила да влијаете врз идните настани во вашите животи.