Што сонуваат мажите и жените?



Резултати од едно големo германско истражување покажуват што најчесто сонуваат мажите и жените. Мажите сонуваат секс и агресија, а жените семејство и облека, покажува истражувањето објавено во списанието Psychologie heute.

Германските научници го спроведоа истражувањето за разликата помеѓу соништата на мажите и жените во периодот од 1956 до 2000 година. Во истражувањето учествувале неколку илјади луѓе од Германија.

Резултатите покажуваат дека мажите сонуваат почесто секс, работа и физичка агресија.

Жените го сонуваат главно семејството и работи од секојдневниот живот или облека.

Податоците беа официјално претставени од раководителот на проектот д-р Михаил Шредел, професор во Институтот за ментално здравје во Минхен.

Во машките соништа почесто се појавуваат непознати лица, а кај жените карактеристични се пријателите и роднините, додаде Ханс Гинтер Вис, шеф на одделот за нарушувања при спиење во психијатриска болница во Германија.