Што се случува во вашето тело, кога сте вљубени



Периодите во кои човекот е вљубен, можеби се едни од најсреќните моменти во неговиот живот. Тогаш се му е убаво и се чувствува најсреќниот човек на светот.


Освен емоционалните промени кои се случуваат кога сте вљубени љубовта, во вашето тело се случуваат и други работи:

1 . Вашата мозочна активност се менува веднаш. Излегува дека љубовта на прв поглед навистина постои. Според истражувањето вљубувањето активира околу 12 области во мозокот.


2 . Вашето срце запира. Кога сте вљубени, тоа се одразува на нивото на хормоните. Покрај тоа силните љубовни чувства го намалуваат крвниот притисок и срцевата фреквенција.

3 . Имате проблеми со спиењето. Според неколку истражувања вљубените луѓе спијат помалку часови на едно деноноќие. Зошто? Тие не можат да заспијат, бидејќи постојано мислат на својот сакан човек.


4 . Вашата физичка болка се намалува. Љубовта ги активира истите нервни рецептори, покажа истражувањето на Универзитетот Стенфорд .

5 . Ќе почнете да заборавате почесто. Кога сте вљубени во некого, вашиот мозок ослободува окситоцин – хормон кој всушност може да наштети на меморијата.

6 . Вашата љубомора излегува на виделина. Немојте да се изненадите ако почнете да чувствувате дека ве иритира секој контакт на вашиот сакан со човек од спротивниот пол. Оваа реакција е сосема нормална, кога сте вљубени.

7 . Се ќе ви се чини слатко. Според една неодамнешна студија вљубените луѓе ја чувствуваат храната и пијалоците со заситен сладок вкус, отколку што се всушност.

8 . Вашиот глас станува повисок. Кога жените се привлечени од даден маж, нивниот глас автоматски се менува и почнува да звучи во повисоките тонови.

9 . Вашите коски стануваат здрави. Истражувачи утврдиле корелација помеѓу среќно брачни двојки и доброто здравје на коските.