Како деца, скоро сите спиевме со вклучени светла поради стравот од темнината. Има многу луѓе кои не го надминуваат овој страв и продолжуваат да спијат на запалени светилки. Се разбира, може да има и други причини освен стравот од темнината, но која и да е причината, спиењето со запалени светла не е добра идеја. Затоа:
1. Може да му наштети на вашето репродуктивно здравје
Едно истражување покажа дека изложувањето на вештачка светлина ноќе може да го зголеми ризикот од неплодност. Експериментот е направен врз женски глувци. Глувците што спијат со вклучена светлина навечер се со поголема веројатност да бидат неплодни. Се смета дека и циркадните ритми (внатрешниот часовник на телото) влијаат врз времето на репродуктивниот процес кај жените.
Друга студија ги следела медицинските сестри кои работеле ноќни смени и ефектите од изложеноста на светлина во текот на ноќта. Се покажа дека повеќето медицински сестри се жалат дека им е нарушен менструалниот циклус.