Што се случува со несаканите подароци



По традиција во Франција по првиот ден од Христовото раѓање започна големото распродавање на несакани божиќни подароци, забележува францускиот весник “Фигаро”,велат од biznisvesti.mk.


Оваа година најнесакани божиќни изненадувања, за Французите биле алиштата.

На второ место се алатките за поправка или за градинарството.


Следат предметите за декорација на домот, накитот и видео игрите.

Генерално оваа година Французите потрошиле 600 илјади евра за подароци кои не им се допаднале на примателите, покажуваат податоците од анализи на пазарот.


А вие што би сториле со некој подарок, кој никако не е по вашиот вкус?