Што се случува со мајката по породувањето



Често, сепак, се чини дека воопшто не сме добро подготвени за она што нe очекува по раѓањето на бебето, односно што ќе се случува со нас самите – во нашите глави, во нашите тела, во првите месеци по раѓањето на бебето.


Промените кои настапуваат со секоја жена која раѓа, се само поради огромната задача која претстои – да се грижи за малкуте човечиња кои доведуваат до виделина.

Еве што можете да очекувате од себе и сопственото тело во првите 6 месеци по раѓањето:


Ќе бидете изморени барем неколку дена. Раѓањето, велат акушерките, е најголемиот физички напор. Потоа, вашата задача е да се повратите и да го доите бебето. Се друго може да го прават таткото и бабите – чистење, готвење, перење и пеглање на облеката на бебето.

Стомакот нема да исчезне со раѓањето, барем не кај сите мајки, па не брзајте да се обидете да влезете во сопствената облека, бидејќи ќе се разочарате.


Одете храбро и гордо со широките и удобни маици и тренерки и само почекајте месец-два. Ќе бидете изненадени колку брзо ќе симнете 15 килограми.

Косопадот по раѓањето се должи на хормоналните промени и е целосно во редот на нештата. Некаде кон третиот месец од раѓањето на бебето ќе почнете да наоѓате влакна дури во фрижидер. Не грижете се, тоа ќе трае околу еден месец, а потоа повторно косата ќе порасне. Пиењето на витамини за доилки и лосионите за стимулирање на растот на косата можат да ја олеснат вашата состојба.

Бебето веќе нема да ја притиска дијафрагмата, киселините ќе исчезнат и ќе можете да дишете без никој да ве задржува.