Што се случува ако пиете течности по пушењето на цигара



За штетата од пушењето и начините како да се откажат цигарите се пишува многу. Пушењето од своја страна е прашање на сопствена желба и дискреција. Ако не можете и не сакате да запрете со цигарите, барем можете да го намалите штетното дејство врз организмот.

Сигурно се прашувате што општо има внесувањето на течности по пушењето? При подолготрајно пушење почнувате со кашлање почесто од обично. Пиењето вода или каква и да е друга течност ќе ја олесни иритацијата во грлото.

Она што не го знаете е дека, штетните токсини од цигарата, кои останале во усната шуплина полесно преминуваат во стомакот преку течностите, што пак може да доведе до различни внатрешни болести.

Значи следниот пат, избегнувајте да земате течности после пушењето на цигара. Водата, алкохолот или кафето оставете го за малку подоцна. Наместо тоа, можете да ја исплакнете устата или да ги измиете забите по цигарата и потоа да преминете кон земањето на течности.