Што сака тој во креветот според годините? | Lady

Што сака тој во креветот според годините?


Мажите и сексот се оној дел кој  жените никогаш нема да го разберат целосно. Постојано се прашуваат како да го маѓепсаат, што да направат за да го задржат подолго и како да се однесуваат така што тој да не ги напушти. Сексот е тема која не возбудува сите нас. Еве и како да дознаете од што има потреба тој според неговата возраст:

Време на страста: од 20-та до 30-та година

Раните 20-ти  се период во кој што мажот  се карактеризира со голема несигурност во себе и во сопствената сексуалност. Мажите се плашат дали ќе им се допаднат на девојките,  дали ќе имаат успех во сексот и сл, и затоа избегнуваат подлабоки контакти или се впуштаат во минливи сексуални врски, без многу-многу да се врзуваат емоционално.

И бидејќи нагонот на посилниот пол е најсилен во овој период, количината зазема место пред квалитетот.

Како да го смените: Бидете спонтани. Дајте му чувство на сигурност и доверба. Фалете го како љубовник. Сите мажи, особено младите, се најсреќни кога се чувствуваат силни и кога се добро, а вие сте нивното огледало. Доколку забележите дека тој навистина сака да менува жени и не му до ништо посериозно, а вие немате таква намера, побарајте некој друг, кој веќе нашол поинаков начин да стекне самодоверба и да ви ја пружи заслужената почит.

Страни: 1 2 3