Што не треба да му премолчите на партнерот?!



Секоја врска се темели на искреност, но сите имаме некои свои мали тајни, а ова се неколку од нив што мора да ги поделите со партнерот.

Темел на секоја врска е искрената комуникација која спречува многу можни проблеми уште на самиот почеток, но секој од нас сака понекогаш да има мали тајни кои не ги споделува со партнерот.

Се додека тие тајни се навистина мали и не влијаат на врската, се во ред, но кога ќе почнат да излегуваат од контрола, може да дојде до тешкотии, па некогаш дури и до прекин на инаку одличната врска. Еве кои работи жените не би требало да ги премолчат пред својот партнер.

За почеток, проблемите во креветот може да настанат поради едноставното премолчување на фактот дека понекогаш не сте расположени за секс. Ако го пуштите партнерот да ве наговара на тоа или тоа го правите без волја, нема да ви биде добро ни на вас ни за него, а може да произлезат и бројни нови проблеми.

Затоа, кажете си директно и искрено.

Како ќе знаете дека сте го нашле вистинскиот животен партнер? Едноставно. Кога после неколку месеци од заедничката врска му ги изложите своите планови за иднината кои го вклучуваат и него. Ако и наредното утро биде покрај вас во креветот, сте го погодиле изборот, ако не, сте се спасиле од поголеми проблеми.

Страни: 1 2