Што не прави посилни од судбинатa



Наташа Алексовска на почетокот на минатата година ја издаде своја прва книга стихозбирка поезија – „Посилна од судбината“.


„Книгата претставува Запис низ времето и просторот, запис од БОГА и Универзумот, по кој ни е испишано да чекориме … горди и исправени или тажни и скршени, изборот е наш … да се биде ПОСИЛНА ОД СУДБИНАТА, значи да се љуби животот исконски и непокорливо.

Да живееш, да љубиш, љубовта да ја пренесуваш преку творење на дела која ќе ја посеат љубовта твоја, ете тоа е љубов кон животот … тоа не прави посилни од судбинатa.“ изјави Наташа за lady.mk.


posilnaodsudbinata

Во иднина, таа ветува дека ќе продолжи со пишување, а што ќе биде следно, нека остане тајна. Таа рече дека одсега ќе се потпишува под псевдонимот – Малечка.