Што не очекува во ноември според хороскопот



Овен


Партнерските односи и љубовта ќе ви бидат актуелни. Некаков ненадеен пресврт ве очекува на тоа поле, за секого различен во зависност од наталните позиции. Едно е сигурно: ќе делувате инстинктивно, повеќе отколку со разум или размислување. За оние од вас кои не се во врска, можност за започнување на необично партнерство.

Доколку сте веќе во врска, ќе го изненадувате партнерот/ партнерката со своето однесување, со своите барања или пак со ставовите. Слабите врски може уште повеќе да ослабнат, но добрата врска ќе стане подобра. Втора актуелна тема овој месец во која ќе бидете успешни, ќе се парите: наплата од клиенти, долг од некого, или пак добивање на позајмица.


Бик

Зголемени обврски на работа и/или по дома ве очекуваат во текот на ноември. Постојано ќе бидете ангажирани со нешто. Средба со интересна личност ве очекува во текот на некој ваков ангажман. За некои од вас, овие показатели може да се однесуваат и на зачестена посета на лекар. Истовремено пак, ќе се обидувате да измените нешто во партнерските односи, што и да значи тоа за вас. И ќе успевате во тоа, но можно е резултатите да не траат долго. Трошење пари за забава, излегувања или пак јадење по ресторани и на јавно место, може да ве остави со истенчен паричник за некое време.


Близнаци

Забава и работа, или работа што ви е забавна, секојдневни обврски кои ги заменуваат периоди на уживање и олабавеност. Ќе чувствувате зголемено ниво на енергија, и задачите ќе ги завршувате внимателно и сериозно. Добар период ви е и за планирање и потпишување договори, соработка со агенти, а соработката почната сега ќе трае подолго. Учење или истражување, наука, филозофија, повисоко знаење, или добивки од тие сфери се можни. Месецов за вас ќе биде многу активен, а посебно пријателите нема да ве оставаат на мира со своите повици и покани за дружба. Искористете сè она што го нуди периодов.

Страни: 1 2 3