Што не очекува во Февруари според хороскопот



Стрелец


Претрпевте некоја парична загуба, за да платите некоја заборавена сметка или сте инвестирале во некој член на фамилијата. Како и да е, февруари е месец за акумулирање на финансиите, и конечно правење на биланс од претходните периоди; ако ништодруго, барем сте на позитивен старт. Доколку сте невработени, февруари ветува нови насоки и работа надвор од вашата професија. Колку и да ја сметате за пролазна работа, можете да бидете позадоволни од било кога.

Многу зафатените Стрелци, февруари можат да го искористат за целосна промена на љубовен план. Крај на старото, почеток на новото. Доколку старата врска ве ограничувала, ќе се изненадите и себе и другата личност. Доколку сте слободни, некоја шармантна личност ќе ве изненади со својата постапка.


Јарец

Деловните и финасиските прилики значително се поправаат. Веќе сте на крај на нерви, бидејќи сите договори кои сте ги имале предолго стоеле во место. Од почетокот на месецот, ве очекува прво расчистување на односите на работа, па напредок. Не се плашите дали некој ќе ве саботира да го кажете тоа што го мислите. Поголем прилив на пари доаѓаат на средината на месецот. Ќе се обидете безуспешно да се потпрете на некој колега, но едноставно никој не умее да ве следи и сфати што сакате. Ако се потпрете само на себе, многу подобро и побрзо ќе стасате до целта.


Ако сте слободни, ќе почувствувате потреба да бидете поотворени кон нови познанства. Предолго бевте во безуспешна приказна, поради што ви треба нова енергија. Од средината на месецот ќе развиете комуникација преку интернет, која многу добро ќе ви дојде. Ако сте во врска, немате потреба да зборувате со партнерот за плановите, другата страна не е способна да ви го даде вистинскиот одговор. Мора да бидете свесни дека и партнерот е во големи проблеми; пружете поддршка, доколку сакате односот да ви потрае.

Водолија

Колку и да сте се плашеле во текот на јануари за вашата деловна или финансиска иднина, кон средината на февруари ќе се изненадите самите себе со одлично расположение и одлични идеи. Конечно реална и прифатлива околина. Ако моментално се справувате со егзистенцијални прашања, во текот на втората недела од месецот ќе имате одлична шанса за брзо заработување. Држете се на страна од негативни личности кои цело време имаат забелешки за се што ќе кажете и ја поткопуваат вашата самодоверба.

Додека сите се жалат на осаменост, вие посакувате самотија. Оние што се во врска, ќе се чувствуваат задушено, заради прискањето и ограничувањата кои ги наметнува партнерот. Посакувате малку одмор. Осамените Водолии сеуште веруваат во безусловна љубов и посакуваат сродна душа со која ќе можат со часови да молчат и уживаат.

Риби

Најавените промени кои моментално ги потресуваат сите во вашето деловно опкружување, нема да влијаат на вас. И понатаму имате поддршка од луѓето кои ви се надредени. Но бидете спремни, само што почнува период кога ќе мора да се пазите на која страна се приклонувате. Пазете се од сомнителни понуди, но ако некој ви понуди на брз начин да заработите пари, можно е да ве измамат. Пораст на финансиите почнува од 16 февруари. Внимавајте на непотребни трошоци.

Ако сте слободни, тајна врска е на хоризонтот. Во овој момент, две лица ви се испреплетуваат низ животот, неодлучни сте поради тоа што ни самите не знаете што сакате, а кога ќе размислите подобро да се врататите на старата приказна која не ви дава мир. Долго време вашите мисли се насочени кон личност која не е вашиот партнер и често размислувате што би било кога би се одважиле на тој чекор. Средбата со таа личност може да разбуди многу страсти, но после почетниот занес ќе ве остави во незадоволство и чудење.

Извор: setaliste.com.mk

Страни: 1 2 3 4