Што може да го наруши вашиот метаболизам



Метаболизмот претставува размената на материите во организмот. Од големо значење за него не е само тоа што го јадеме, но и како го правиме. Метаболизмот е строго индивидуален за секој човек.


Ќе ви претставиме три од најчестите грешки кои луѓето ги прават за време на оброк:

Лута / зачинета храна – истражувањето објавено во списанието “Appetite” тврди дека кога луѓето додадат зачинета храна во менито, побрзо се заситуваат. И така тие прифаќаат до 30% помалку храна од обично. На пример, лутата пиперка содржи капсаицин, кој го забрзува метаболизмот. Капсаицинот влијае релаксирачки на хормонот кој го регулира апетитот и го намалува хормонот на стресот, кој од своја страна го стимулира чувството на глад.


Седење – Долготрајното седење повеќе од 3 часа на ден го зголемува ризикот од бројни болести како дијабетес, дебелина, висок крвен притисок, високи нивоа на холестерол и проблеми со кардиоваскуларниот систем. Долгото седење води до помалку работа на мускулите и така тие трошат помалку масни наслаги.

Не го миете овошјето и зеленчукот – Истражување од 2012г. на “Enviromental Health Perspectives” во врска со пестицидите што се користат за прскање на овошјето и зеленчукот, утврди дека овие загадувања од оваа хемикалија се акумулираат во масните клетки и предизвикуваат воспаление, кое влијае на метаболизмот негативно. Значи пред да јадете овошје или зеленчук измијте го многу добро!