Што мажите не знаат за вагината



Дали знаете дека жените можат да ејакулираат исто како и мажите? Фреквенцијата на овој феномен е различна. Можно е кај некои дами да се манифестира почесто, а кај други, никогаш да не се случи.


Додека пенисот има неколку основни функции, вагината е многуаспектна и секогаш има што да се научи за неа. Следните редови се за сите мажи, кои сакаат да дознаат малку повеќе за женската сексуалност.

Жените исто така можат да стигнат до ерекција


Кај машкиот дел еректилното ткиво е изградено од пар цевки наречено куќиште Cavernosa. Овој пар цевки се среќава и кај жените во областа на клиторисот. Тоа значи дека клиторисот исто така може да достигне состојба на ерекција, кога жената е сексуално возбудена.

Еректираниот клиторис отекува, станува почувствителен, ја зголемува големината и станува малку испуштен. Протокот на крвта се зголемува и во внатрешноста на вагината.

Вагината има серија од набори и за време на возбуда може да се зголеми должината со приближно иста големина како пенисот.
Секако ова е тешко да се види, но не и да се почувствува, бидејќи чувствата на жената стануваат уште посилни и стимулирачки.

Влажноста на вагината зависи од месечниот циклус

За време на сексуалната возбуда вагината на жената се навлажнува. Тоа е сосема нормално и тоа е еден од првите знаци на наплив на крв во гениталиите.

Степенот на навлажнување на вагината може да биде под влијание не само од тоа како е стимулирана жената од својот партнер, но и од месечниот циклус. Во периодот на овулација многу е поверојатно вагината да лачи лизгава течност.

Оваа слуз се секретира во текот на овулацијата секој месец. Затоа навлажнувањето на вагината не секогаш е директно поврзано со сексуалната стимулација.

Вагина има балансиран pH

Средината на вагината е природно кисела и нивото на pH околу 4,5. Семето е со рН приближно околу 8. На овој начин се неутрализира средината во вагината за да можат сперматозоидите да преживеат во текот на своето “патување”.

Но, премногу често сексот и ејакулацијата во вагината може да го наруши рН балансот и тоа да е причина за појавата на бактериската вагиноза, која се карактеризира со прекумерен раст на некои видови на бактерии во вагината.

Жените можат да достигнат до сексуална возбуда за време на спиењето

Според студијата на Journal of Sex Research околу една третина од жените можат да достигнат до силна сексуална возбуда, па дури и оргазам за време на спиењето.

Ноќната возбуда редовно се појавува за време на таканаречената Рем фаза на сонот, за која се карактеристични голем број физиолошки промени.