Што и кога да пиете



Големата понуда на различни стоки е нешто прекрасно, иако во некои случаи може да биде малку збунувачки и нездраво. Можеби, влегувајќи во продавницата, се прашувате: „Што да си купам – вода, сок, кафе, газирани пијалоци или нешто друго?”.

Конфузијата на луѓето често доведува до конзумирање на повеќе калории отколку што треба. Всушност додавањето на празни течни калории е една од најлошите работи кои може да се направат. Проблемот сепак не е само во калориите, туку дека пијалоците можат да тргнат наопаку и да ве натераат да консумирате повеќе храна.

Значи пред да ја саботирате здравата исхрана уште еднаш дознајте што и кога да пиете:

1. Вода. Кога се чувствувате уморни, имате главоболка или едноставно сте многу жедни. Кога сакате да изгубите тежина, пијте по една чаша вода пред јадење. Кога тренирате и се потите, исто така треба да пиете вода, а не спортски пијалок. Тогаш вашето тело има потреба од хидратација.

2. Чај. Кога се обидувате да ја прекинете потрошувачката на кафе, добро е да го замените пијалокот со кофеин со чаша зелен чај (во кој исто така има кофеин). Во случај да имате стомачни проблеми, повторно може да прибегнете до чајот. Во традиционалната кинеска медицина се вели дека чаевите го подобруваат варењето, и ја неутрализираат желудечната киселина. Се разбира, топлите пијалаци се корисни и соодветни за секоја прилика – особено во есен и зима.

3. Кафе. Кога ви треба да останете будни и да се зацврстите. Истражувањето докажува дека кофеиновото кафе ја намалува веројатноста од појава на депресивни симптоми кај луѓето.

4. Пиво. Кога сакате да бидете поиздржливи. Темното пиво има повисока содржина на железо од обичното пиво. Железото е основен минерал кој се наоѓа во сите клетки и кој го пренесува кислородот од белите дробови до остатокот на телото. Колку повеќе кислород се пренесува, толку полесно мускулите ќе бидат поиздржливи за време на тренингот. Добро е да избегнувате да пиете пиво од 1 до 2 часа пред спиење, бидејќи пијалокот може да го наруши сонот.

5. Лимонада (сок од лимон, вода и мед). Кога ви треба да го зајакнете својот имунолошки систем. Поради својата богата содржина на витамин C, лимоните го зајакнуваат имунолошкиот систем и дејствуваат со чистење. Свежо направената лимонада може да ве освежи и олади одлично во топлите денови.