Што ќе ве научи еден разведен човек за бракот – откако ми се случи разводот, работите почнав да ги гледам на поинаков начин



Бракот бара многу труд, вложување и посветување, но тоа е лекција која многумина ја научуваат предоцна. Таков е случајот и со Џералд Роџерс, коучинг експерт, кој се има разведено. Набрзо потоа, тој на Фејсбук признал дека можел да промени многу работи и да го спаси својот брак. Неговиот статус, во кој споделува и низа совети за подобар брак, за кус рок собрал 4.000 лајкови и повеќе од 100.000 споделувања на Фејсбук.


„Очигледно не сум експерт за врски, но откако ми се случи разводот, почнав да ги гледам работите на поинаков начин и увидов кои работи сум можел да ги променам. Откако ја изгубив жената што ја сакам и со која бев во брак 16 години, можам ова да ве посоветувам.“ – напишал тој на својот профил.

1. Никогаш не прекинувајте да си се додворувате. Никогаш не прекинувајте да се однесувате како да сте на состанок. Никогаш не доживувајте ја вашата жена здраво за готово. Кога ја запросувавте, ветивте дека ќе бидете мажот кој ќе се грижи за нејзиното срце. Таа ве одбрала вас. Тоа никогаш не треба да го заборавите и не бидете мрзеливи кога станува збор за љубовта.


Страни: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20