Што ќе се случува со времето денес и наредните денови



Од денес под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.


Особено повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава. Дневната температура ќе се движи од 8 до 16 степени.

Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.


Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2.

Ќе дува умерен наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура, соопшти sky.mk.