Што ќе се случи со вашето тело, ако не јадете месо една година



Луѓето се откажуваат од сите новогодишни ветувања. Ако не знаете дали можете да го поминете викендот без неколку чаши пиво или мислите дека животот без чоколадо не вреди, друга опција е да се откажете од месото, пишува Independent. Не само што ќе дадете придонес за справување со климатските промени, но и ќе го подобрите вашето здравје, отфрлајќи го месото од исхраната.


Еве ви седум причини, ако е потребно убедување.

1. Намалувате килограми


Просечниот човек може да изгуби околу 4 кг, ако се откаже од месото. Тоа го покажува истражувањето на универзитетот “Џорџ Вашингтон”, кој анализира 15 студии во Европа и Америка и утврдил дека диетата заснована на зеленчук, може да ви помогне да симнете килограми, дури и без да броите калории и да ги менувате вашите навики за правење на вежби. Друго истражување меѓу будистички монаси, потврдува дека вегетаријанството го намалува индексот на телесна маса.

2. Го намалува ризикот од срцево заболување


Одбивањето од месо исто така може да го намали нивото на холестерол и крвниот притисок.

3. … и да заштити од дијабетес

Истражување покажа дека луѓето кои се хранат со месо најмалку еднаш неделно, се изложени на 29% поголем ризик да се разболат од дијабетес, во споредба со вегетаријанците. Луѓето кои конзумираат колбаси, се изложени на 38% поголем ризик од дијабетес.

4. … и од рак

Светската здравствена организација ги одредува колбасите како канцерогени, што значи дека бејконот и различните видови салами спаѓаат во една категорија со гама зраците. Црвеното месо е дефинирано како “најверојатно” кое поседува канцерогени својства.

5. Промена во цревната флора

Истражување на Градскиот универзитет во Њујорк потврдува дека Веганите имаат посилна заштита за некои видови цревни бактерии од месојади.

6. Подобра состојба после вежбите

Ако ве болат мускулите после вежбање, причината може да е исхрана богата со протеини од месо, која може да доведе до акумулација на отпадни производи, како урична киселина и млечна киселина во мускулите. “Крвта” во месото не е она што си мислите. Всушност станува збор за протеинот миоглобин, кој обезбедува кислород до мускулите на животното. Ова може да предизвика болка и бавно закрепнување.

7. Ќе се чувствувате подобро во целина

Милијардерот Ричард Бренсон вели дека одбивањето од месо го натерало да се чувствува здрав и активен. Мет Фрејзер, автор на блогот No Meat Athlete, пишува дека вегетаријанството му помогнало да трча побрзо, да јаде повеќе и да одржува килограми.