Што ги прави мажите навистина привлечни?



Господата кои користат кратки зборови и зборуваат лаконски, се повеќе атрактивни, бидејќи изгледаат мажествени.


Тивките привлечни мажи имаат исто така подлабок глас, слично на актерот Џорџ Клуни.Канадски научници истражувале кој тип глас, употребени зборови и детали се сметаат за најатрактивни од спротивниот пол.

Луѓето се привлечени од пријателите и колегите кои имаат познати гласови. Тие преферираат сличен акцент, интонација и тон на сопствениот глас.


Мажите со подлабок и жените со малку повисок глас се попривлечни, бидејќи се претпоставува дека имаат соодветно поголемо или помало тело.

” Гласот е екстремно флексибилен инструмент, кој го користиме да го создадеме својот идентитет. Многу малку нешта во нашиот глас се непроменливи, па затоа преференциите ги надминуваат обликот и големината “, објаснува д-р Моли Бејбел од Универзитетот во Британска Колумбија во Канада.


Таа ги запишала гласовите на 30 доброволци. Секој учесник требало да ја оцени ” атрактивноста ” на другите од еден до девет.
Сите волонтери од западниот дел на Америка и имале релативно еднаков акцент. Најпривлечни се луѓето со гласови, познати во средината на човек.

Најпосакувани се ” задишаните ” женски гласови како на Мерилин Монро. Задишан глас со потенки самогласки жици сугерираат младост и здравје.

Зарипнатите гласови покажуваат дека човекот има течење на носот, уморен е или пуши, што го прави непривлечен.