Што е корисно во мастиката за џвакање ?



Одамна веќе навикнавме со мислата дека мастиката за џвакање е штетна за здравјето. Но, се појави и нова информација, според која мастиката за џвакање по еден пат на ден си има свои привилегии.


Таа помага за симнување на килограми, го подобрува ментално здравје, па дури има и способност да го намали стресот. Мастиката за џвакање помага во варењето. Но важно е да се знае – најдобро да се џвака мастика после јадење. Бидејќи самото џвакање го зголемува производството на плунка во устата, што е во коренот при намалувањето на киселината.

Таа помага за најдобра активност на мозокот, ја подобрува меморијата. Освен тоа ја зголемува срцевата фрекфенција и го снабдува мозокот со кислород.


И нешто многу суштинско – мастиката за џвакање помага за хигиената на усната шуплина. Го отстранува лошиот здив, формира повеќе плунка и буквално ја чисти устата, помага при инфекции.

Но, коректно е да кажеме дека честото џвакање на гума за џвакање не се препорачува.