Што да правите ако се одлучите за нова љубов?


Прво, дајте си време. Најдобро ќе биде некое време да не разговарате ниту со дечкото, ниту со “новата љубов”. Одете на неколку дена на гости кај вашите или пак на одмор негде.

Важно е да бидете опкружени со помалку луѓе, за да можете да си земете воздух спокојно и да помислите насамо за случувањата. Исклучете го телефонот и одморете се. Потсвеста сама ќе ви го подкаже точниот одговор.

Одамна не сте уживале во страсните бакнежи и на сексот по три пати на ден, затоа “новиот човек” ви се чини идеален. Потсетете се сепак како почнала врската со вашиот дечко со кого сте заедно подолго време. Страста гасне со времето. Погледнете на работите отстрана.

Доколку втората љубов победи, разговарајте за ова прашање, ако веќе сте ја зеле цврстата одлука да бидете заедно и да ги прекинете старите врски.

Разговарајте мирно, самоуверено, во погодно време и со благодарност за годините заеднички живот. За идната врска важно е како сте ја прекинале претходната.

Ако одлучите да го напуштите вашиот дечко – направете го тоа. Дури и ако немате подготвен одговор “да или не”, а “новиот” молчи, штом сте го разгледале тоа и мислите дека е време да станете слободна – одете си. Не заборавајте сепак, дека ова решение е ваше, само вие сте одговорни за него.

“Двојната игра” не е лесна работа. Дајте си време да сфатите што се случува. Новите врски се нешто светло и пријатно за неврзаните луѓе, но се сериозен проблем за луѓето во врка.