Што да правиш со пораката која ја чекаш, а не пристигнува … Му пишуваш и …



Немој да сметаш, таму каде што не фалиш


…И што да правиш со пораката која ја чекаш, а не пристигнува…Му пишуваш и во секоја од тие букви оставаш дел од себе. Во секој збор му праќаш парче од својата душа.

А нему му се потребни пет часа, за да ја отвори пораката и уште дваесет за да врати…Тоа не е само порака, тоа е внимание кое ти е потребно, кое го заслужуваш.


Пишуваш на погрешно место. Нему твоите зборови не му се важни, ниту потребни. Неговиот ден е прекрасен бидејки не фали ништо…не фалиш ти. Тогаш зошто да сметаш?

Таму некаде, некој би направил се’ за само една твоја порака. На еден твој збор би вратил со илјада. Во секој негов збор, би ти испратил парче од својата душа. Таму некаде некој е роден за да биде твој. Таму некаде некој, неуморно чека за да бидеш негова.


Немој да сметаш, таму каде што не фалиш. Не ги троши своите зборови на погрешно место…

Автор: Рокси, О3зона