Што да направите претпладне, за полесно да ослабете



Ако сте од луѓето кои водат борба против килограмите, веројатно веќе знаете многу нешта за оваа тема. Запознаени сте со идејата дека треба да се храните здраво и да тренирате доволно за да го постигнете вашиот сон за одлична фигура.


Уште еден корисен совет во случајот е да се фокусирате на слабеењето пред пладне. Причина за тоа е фактот дека во тоа време од денот човек се чувствува цврст и фокусиран, и полесно ги следи своите навики.

Не смеете да ги игнорирате и психолошките аспекти: кога го започнете денот, извршувајќи ги своите задачи, многу потешко ќе ви биде да ги одложите за подоцна или да не ги направите сите.


Еве и неколку мали чекори кои треба да ги правите пред 12:00 и кои сигурно ќе ве доближат до успехот:

1. Спијте доволно. Се разбира, тоа не значи да се успивате секој ден и да доцните за работа. Обезбедете си половина час повеќе сон сепак и ќе ја почуствувате разликата. Кога не се чувствувате доволно одморени, има поголема веројатност да се храните повеќе во текот на денот. Покрај тоа, некои истражувања покажуваат дека недоволниот сон ги збунува некои хормони кои влијаат негативно врз метаболизмот.


2. Уживајте во сонцето (кога го има). Отстранете ги завесите или ролетните што е можно поскоро откако сте се разбудиле. UV светлината дава расположение, дејствува освежувачки и тонизирачки. Покрај тоа, според неодамнешно истражување, луѓето кои се изложуваат почесто на сонце, имаат понизок индекс на телесна маса. Според научниците, тоа е така, бидејќи сончевите зраци помагаат за синхронизирање на вашиот внатрешен часовник и за јакнење на метаболизмот.

Страни: 1 2