Што ако ти се насолзат очите ?!


Автор: Драган Таневски

Стануваш поемотивен… почнуваш да им се радуваш на малите работи… Ти се насолзуваат очите на некоја емотивна сцена од филм, од песна, од стих… Почнуваш да забележуваш дека и други луѓе имаат проблеми, и тоа поголеми од тебе… Им се насмевнуваш на непознати и ги поздравуваш… Ако размислуваш да одиш кај психијатар, немој… не полудуваш. Стануваш човек.