Ширговска: Украсот на новогодишната магија наречена – Љубов



Детска душа..
Зимата на прагот. Во печката уште некое догорче , од оганот во кој крцкаа сувите дрва .Седната до прозорецот , со поглед вперен кон мразулцуте , надвиснати од стреата , а јас пишувам. Во мене живее детето , го гледам како се смее со илјадниците украси наредени во полиците на огромната продавница , каде луѓето со пари купуваа малку среќа .Јас ги гледав нивните лица , и ми беше чудно , на нивните лица не можев да го забележам оној сјај во погледот .Ги гледав дечињата како весело потскокнуваат , радувајќи се со новогодишните украси , а родителите како да немаа слух за нивните желби .Како да заборавија да бидат деца , да бидат среќни .Го забележав девојченцето со розево капутче и широка насмевка , за миг погледите ни се вкрстија а јас и се насмевнав… Во истиот миг во мене , девојченцето ја препозна детската душа која извираше од мојот поглед . Како да заборави на родителите , полека дојде кон мене и заедно ги гледавме пантолончињата со елени .. Црвени , весели панталончиња кои девојчето со поглед ги облекуваше на себе …Јас ?!…Јас заборавив да бидам возрасна , во мигот и јас бев дете , а тоа го препозна малата убава душа .. Во нашиот детски свет живееше бајката на новогодишната ноќ , илјадници ѕвезди го красеа нашиот поглед и насмевката кога ја зедов во прегратка ..Повторно се прашував себе ..Зошто возрасните забораваат да бидат деца ?.. Колку е убаво да бидеш дете и да ја вкусиш љубовта во тој магичен , волшебен поглед..
Среќна бев и му се заблагодарив на севишниот што мојата детска душа се’ уште живее во мене и ја носи насмевката во погледот како најскапоцен бисер .. Украсот на новогодишната магија наречена – Љубов…


Оливера Ширговска