Ширговска: Среќа е драги мои, кога ќе го пречекаш најмилото на врата



Дали се запраша некој ..
Колку малку е потребно за среќа ?
Дали воздишките тежат повеќе или џебовите со пари ?
Дали семејствата се како некогаш ?
Дали децата се смеат ?
Дали младите се вљубуваат , или се’е сведено на рутина ?
Дали има среќа , или таа одамна си замина од домовите ?
Дали некој знае , како се живее ?
Ех драги мои , за жал , не е така ..
Денес има се’ освен радост , онаа вистинска радост која извира од погледот , радост кога се готвеше дома , се цепеа дрва за зима , се пушеа колбаси , се редеше зимница .
Радост кога мајките седеа дома и ги чекаа децата од училиште со вцрвенети обравчиња .
Она време кога кришум ќе се сретнеа погледи на вљубените и по некој украден бакнеж , време кога имаше срам и почит кон постарите .
Тоа време , кое ниту едно време што доаѓа не може да го замени .
Тоа време кога вистински живееше животот , а не фотомонтажа на искривени вредности , каде се сервира секојдневието наречено луксуз без среќа .
Среќа е драги мои , кога ќе го пречекаш најмилото на врата , ќе го дочека мирисот на домашно зготвено јадење , нему омиленото , вкусно зготвено , ни малку луксузно и подредено , туку онака како за своја душа .
Среќа е драги мои , кога ќе ве дочекаат милион ѕвезди во погледот и грст бакнежи кои ќе ги разбереш , нив ги испраќа душата , по нашки што би рекле старите ..
Не е среќа души мои , лудилото кое живее денес ..
На пет минути да ги видиш децата , да се искараш со родителите , да го занемариш важниот момент ..
Среќата е во едноставноста и ситниците ..


Автор: Оливера Ширговска