
Менопаузата започнува околу 50тата година, а до тогаш жените поминуваат низ фази од месечните циклуси. Дознајте нешто повеќе за оваа појава што го следи животот на жената и повеќе од 4 децении.
- Зголемено крвавење
Менструацијата со зголемено крвавење е еден од најчестите проблеми.
За да бидете сигурни дека е време да го посетите гинеколог, само пратете дали ви се зголемува дневната потрошувачка на влошки.
Тоа може да биде симптом од пушење па се до ендометриоза и миом, а сите тие состојби може да се поврзани со неплодност.
Обилните крвавења може да бидат поврзани и со намален број на црвени крвни зрнца и лоша крвна слика.