Loading...

Шест работи кои го полудуваат вашиот партнер


Ова се 6 работи кои го полудуваат твојот партнер:

Тој мрази да …

1. … зборуваш, без да запираш

Зборувањето без престан си е типично женска особина. Ако ни дадат повод, едвај ќе престанеме со расказите за ден во следните неколку часа. Не дека мажите не се заинтересирани за она што имаме да им го кажеме, но едноставно не ги возбудува деталите на секоја минута од нашиот ден …

2. … си применува шопинг терапија

Станува збор за шопинг … за нас едноставно денот нема доволно часови. Без разлика дали едноставно разгледуваме, гледаме по излозите, или сме се оддале на целодневно трошење пари, ние нема ни да се сетиме за вода, храна или какви и да е други одговорности.

Она што е најлошо за мажите – ние обожаваме да ги мкнеме со нас …

3. … зборуваш со шифри

Старото прашање “За што размислуваш?” е класичен пример како ние ги тестираме мажите за нивните вистински чувства. Ако тој го знае одговорот на брзите нејасни теоретски прашања кои му ги поставуваш, за тебе тоа е едно од доказите дека е твојата сродна душа.

Само замисли ја глетката – дечко се побркува и неговиот ум френетично работи, за да ја создаде реченицата, со што да ти даде точен одговор (каков што не постои!), додека ти стоиш и го гледаш.

Страни: 1 2