Шанса за средношколците од Македонија со помал просек



Почнува проектот „Образованието е поважно од просек 5.0“, наменет за средношколци од цела Македонија кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9.


На овие ученици, креаторите на овој проект „Џолев и уметностите“ заедно со поддршка на „Семос Едукација“ ќе им доделат по пет или вкупно десет целосни стипендии за некоја од нивните програми поврзани со уметноста, дизајнот и информатиката.

Целта на овој проект е подигање на моралот и самодовербата на учениците со послаб просек, нивно мотивирање да го продолжат личниот развој во областите на уметноста, дизајнот и информатиката и подигање на свесноста за засебноста и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.


„Од 14 до 18 години, учениците се во потрага по област во која подоцна ќе можат да го специјализираат и усовршат своето знаење. Без разлика на просекот, секој ученик носи свои кквалитети, кои заслужуваат да бидат препознаени“, велат од „Џолев и уметностите“.

Секој средношколец со просек под 3.9 ќе може да аплицира за една од понудените програми најдоцна до 15. февруари (четврток) преку електронската пријава каде клучна информација за избор на стипендираните лица ќе биде мотивациското писмо. Секој кандидат ќе треба да ги наведе причините за избраната програма и своите понатамошни планови и амбиции.


За програмите на “Џолев и уметностите”, АПЛИЦИРАЈ на следниов линк: www.goo.gl/LgwXc0

За програмите на “Семос едукација”, АПЛИЦИРАЈ на следниов линк: www.goo.gl/iZSgdV

На 19.февруари (петок) офцијално ќе бдат соопштени десетте средношколци кои ќе добијат целосни стипендии.
Сите детали околу програмите за кои ќе бидат доделени десет целосни стипендии можете да ги добиете на следниот линк: https://www.facebook.com/events/829049243884305/