Шакира роди второ дете од Пике



Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике и пејачката Шакира, по втор пат станаа родители.


Во четвртокот вечер Шакира роди момче во болницата Куирон Текнон во Барселона, а раѓањето помина со царски рез без проблеми.

27-годишниот фудбалер и 37-годишната колумбиска убавица ја најавија радосната вест малку пред полноќ. Сеуште новороденчето нема име.


Само 24 часа пред раѓањето, Пике одигра 90 минути и победија со 3: 2 над Атлетико Мадрид на “Висенте Калдерон”.