„Сети се, да ме заборавиш“ – љубовната приказна на Мариа Јова



Станува збор за љубовна приказна во која двајцата главни ликови, Линда и Кевин, се борат за втора шанса во својата љубов. Две сродни души, двајца вљубени кои сега се двајца непознати. Времето брзо минува и луѓето кои некогаш биле нашето сè, многу лесно стануваат луѓе кои повеќе не ги познаваме, од чиј поглед и реакција се плашиме. Бидејќи и покрај тоа што поминало многу време, тие ни значат. Можеби дури и повеќе од порано. Овој роман е напишан за сите вистински љубови кои завршиле несреќно. За сите оние ноќи во кои сакаме да се вратиме на нашиот поранешен партнер, но има толку многу нешта кои не спречуваат…

Кратка содржина на романот 


Линда е вљубена до болка во својот партнер, ужива во благодетите на животот и богато се храни со слатките плодови на љубовта.

Го сака својот партнер, нѐ повеќе отколку што тој ја сака нејзе. Затоа што тие се создадени еден за друг. Тој е прекрасен, шармантен, романтичен, маж во вистинска смисла на зборот. Маж кој знае да љуби и освојува.


Кевин.

Нејзиниот Кевин.

Нејзината сродна душа. Половинката од нејзиното срце која ја пронајде на дното од океанот.

Трилер кој се чита во еден здив, ромаса која ќе ве маѓепса, разочара и воодушеви во исто време, драма која ќе ве остави без зборови, крај кој ќе ве замисли.

Љубовна приказна која никогаш нема да ја зборавите.

Затоа што таа е поразлична.

Поразлична од сè што имате прочитано до сега, а толку слична со она што го имате доживеано. Со она што ве заболело таму, под коските, во срцето.

Најболните нешта се чини, секогаш се премолчуваат.

И некои луѓе – никогаш не се забораваат!