Сексот за една ноќ – Задоволство или грев?



Сексот за една ноќ – нешто што се случило на многу луѓе, нешто што многу луѓе ревносно го негираат и нешто за кое многу луѓе тајно сонуваат. Зошто има толку спротивставени мислења по ова прашање и зошто за некои сексот за една ноќ е задоволство, за други грев?

Нов сајт има за цел да ги открие предрасудите во однос на еднократните сексуални искуства, покажувајќи дека случајниот секс не секогаш е толку лоша работа.


Сексолозите сметаат дека случајниот секс не е нужна причина за срам или каење. Тие се на мислење дека “сексот за една ноќ е толку честа овие денови како црното и белото или доброто и лошото. “.

Луѓе од сите возрасти, полови и сексуални ориентации биле поканети да ги споделат своите приказни во сајтот. Тие требало да дадат детален опис на околностите околу состанокот, како и дали тие жалат или не. Најчестиот одговор бил дека учесниците не жалат што имале секс за една ноќ.


Всушност на многу луѓе оваа случка им послужила како лекција и им помогнала да одат по патот кон себеспознавање.

Тоа според самите нив дејствувало многу ослободувачки. Важно е да се напомене дека во одговорите се запишале не само млади луѓе, а такви од сите возрасти, пишува Daily Mail.