Сексот станува корисен уште во 31-та минута



Сексот, кој трае повеќе од еден час, може да штити од срцеви заболувања, рак и други болести, тврдат британски научници. Сексот одамна е прогласен за лековито средство против многу болести, но новото истражување покажува дека лековитите својства не почнуваат од првата минута.


По серија од биохемиски истражувања британски научници утврдиле дека во 31-та минута од сексуалниот чин човечкиот организам почнува да произведува корисни хемиски соединенија и антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали.

Сексот кој трае повеќе од еден час, може да штити од срцеви заболувања, рак и други болести кои се развиваат како последица на урната клеточна заштита.


Редовниот и подолг секс барем 3-4 неделно го зајакнува и имунолошкиот систем и ги зголемува заштитните својства на организмот. Најубавиот и долг секс има позитивно влијание и врз хормоните, и дејствува како превенција против депресија и други ментални нарушувања.