Секси жена – дефинициите на познатите мажи



Знаете, убавината е субјективен поим. Сигурни сме дека има луѓе кои не ја сакаат Анџелина Џоли и дури не ја гледаат за толку убава. Всушност тоа е прекрасно, бидејќи каков ли ќе биде светот, ако сите мажи воздивнуваат само по еден одреден тип на жени?


Меѓу убава и секси жена има разлика – се разбира, двата концепти можат да се комбинираат во една дама, но во различни моменти едното од нив преовладува повеќе од другото.

Што се однесува до секси – тука исто така има голема доза субјективизам. Тоа се гледа и од дефинициите на едни од најпосакуваните и познати мажи.


Прочитајте што делат најпопуларните господа и не заборавајте дека најважно е вие самите да ги сакате, да се чувствувате сигурни во себе, како и да верувате во своите способности:

Лени Кравиц: „Посакувам повеќе жени да беа природни. Јас мислам дека многу од нив се под влијание од тоа на кој начин општеството бара тие да изгледаат …. се менуваат со толку многу пластични корекции. Мислам дека благодатното стареење е најубавото. Кога гледате постара жена која старее природно и се одржува, тоа е многу секси. Јас гласам за природните жени”.


Хју Џекмен: „Јас сум голем фан на летната облека … како кога сте биле цел ден на плажа, и после пак сте излегле вечерта. За мене ова е секси”.

Алекс Петифер: „Не е фатално, но дефинитивно се вознемирувам кога една жена ја изгубила довербата. Јас навистина сметам дека сите жени се убави на различен начин. Живееме во многу критичен свет, а влогот за жените е доста висок, но тие навистина треба да веруваат повеќе во себе”.

Лук Еванс: „Најжешкото нешто беше кога неодамна видов жена да носи фитинг црна вечерна наметка со високи потпетици. Неверојатно”.

Иан Сомерхолдер: „Кога некоја жена може да танцува или ти го чувствуваш ритамот со неа, тоа навистина е секси”.

Џош Дјуамел: „Лично мене ми се допаѓа задникот”.