Се чувствувате сексуално возбудени кога ќе се разбудите наутро после бурна ноќ и некоја чашка алкохол повеќе? Нормално е. Научниците објаснуваат дека во човековата природа е желбата за акција под чаршавите, после лудата вечер. Не само што е нагонски, туку и добро ќе ви дојде. Имено, за време на сексот, и кај мажите и кај жените се лачат хормоните ендорфин и окситоцин, кои ги ублажуваат симптомите од мамурлакот, но најмногу ќе помогне доживувањето оргазам, после кој ќе се чувствувате значително подобро.
Што се однесува до самиот сексуален чин за време на мамурлак, имајте на ум дека најверојатно ќе бидете прилично чувствителни. Доколку и двајцата се чувствувате болежливо и изнемоштено водете љубов нежно, бавно и внимателно. Секс-позата „лажица“ е одлична варијанта за ваквата ситуација, во која мажот е легнат паралелно зад жената. Ладен заеднички туш, исто така убаво ќе ве освежи и ќе го измие алкохолот кој излегува низ вашите пори. Доколку чувствувате мачнина, дефинитивно треба да го прескокнете оралниот секс, бидејќи тој би можел само да ја влоши ситуацијата. Следниот пат кога ќе претерате со алкохол на некоја забава, наредното утро наместо да посегнете по таблетата против болки, препуштете се милувањето под чаршавите и дозволете му на мамурлакот полека да исчезне.