Секс во вода – најголемото разочарување



Љубовните бакнежи во водата изгледаат како најромантичното нешто на светот.


Сексот во водата е мокар, но не и таму каде што треба. Пенетрацијата е потешка, а откако додадеме и срам од тоа да не ве види некој, станува речиси невозможно.

Темнo и плашливo е, особено ако сте во морето. Ноќното капење, освен ако не е во добро осветлен базен, е како да пливаме со затворени очи во мастило – огромното сино море станува ноќе во огромно црно ништо во кое секој чекор може да те одведе кон неистражени длабочини.


Засрамувачки е, освен ако не сте во базен.

Има реална опасност од заболувања. Морската вода не е чиста. Водата во базените пак е премногу хлорирана, па сексот може да доведе до различни воспаленија, особено за жените.


Освен тоа, некој може да ве види. Да, тоа се смета за афродизијак, но од ограничено мал круг луѓе.

Обично никој не сака да биде фатен “во чекор” и тензиите од тоа дали нема гледачи, преовладува над сексуалната желба.

А и кога човек е на отворено, никогаш не треба да заборавиме дека може да добиеме неочекувана посета од разни животинки – од иритирачки комарци до медузи.