Секс распоред за брачни парови



Повеќето парови оставаат на случајноста да се соберат сите услови во едно – рано заспани децата, неизморена мајка и неизнервиран татко.


Тоа, за жал, се случува премногу ретко, па затоа треба да го земете интимниот живот во свои раце и да го планирате со истото внимание, со што го планирате вашиот одмор.

Сигурно веднаш некој ќе каже „ се губи спонтаноста”. Не, не се губи, бидејќи да очекуваш романтичен момент со партнерот е како да чекаш Божиќ – самото очекување го прави сега уште поволшебно.


Како и секој распоред, така и вашиот треба да вклучува кратки бакшиш средби и подолги „дискусии”.

Не барајте од себе премногу во текот на неделата. По цел ден, исполнет со семејни и службени задачи, едвај ќе најдете време за романтика.


Можете да ги одведете децата со 15 минути порано во градинка, да се јавите на работа, дека ќе доцните 15 минути и да си обезбедите цели 30 минути освежувачки семеен секс.

Горе долу, еднаш месечно можете да ја поканувате омилена на децата, баба на гости дома. И да ја оставите целиот викенд да се занимава со своите внуци, додека вие сте некаде во хотел.

Или пак обратно – испратете ги децата кај „баба”, спуштете ги ролетните и потсетете се на првичната страст еден кон друг.

Обично жените се оние кои „сечат” по-пикантните коментари на партнерот, бидејќи секогаш го прифаќаат како покана за секс.

Колку и да сте уморни, прифатите комплимент, одвратите му и сами ќе се изненадите како меѓу целиот замор ќе се појави и едно особено пријатно уживање.