Секој ден е посебен



Мојот најдобар пријател ја отвори фиоката на орманот на сопругата и извади спакувано пакетче во свилена хартија. Тоа не беше обично пакетче – во него имаше луксузна долна облека. Тој ја исскина хартијата, ја фрли и се загледа со тага во свилата и чипката. “И ја купив кога бевме за прв пат во Њујорк. Пред осум или девет години. Таа никогаш не го облече. Го чуваше за некој посебен ден. Мислам дека денес е овој ден.” Се приближи до креветот и ги стави гаќите до другата облека, приготвена за погребната агенција. Неговата сопруга беше почината.


Тој се сврте кон мене и рече:

“Никогаш ништо не стигна за некој посебен ден. Секој ден од твојот живот е посебен.”


Нема да ги заборавам тие зборови. Тие го променија мојот живот.

Денес, седнувам на тераса и уживам во природата, без да обрнувам внимание на тревникот во градината.


Јас поминувам повеќе време со семејството и со пријателите и работам помалку. Сфатив дека животот е акумулација на искуство, кој треба високо да се цени. Веќе ништо не чувам за посебни прилики. Секој ден користам кристални чаши. Ја облекувам новата јакна кога одам во супермаркет. Користам омилени парфеми, кога ми е пријатно.

Фразите како “Еден ден ….” или “Некој ден ….” веќе не постојат за мене, ги исфрлив од речник. Сакам да ги видам работите тука и сега, да ги чујам, да ги направам. Не сум сосема сигурен што би направила жената на мојот пријател, ако знаеше дека утре нема да ја има – едно утре што сите ние прилично лекомислено го очекуваме.

Мислам дека таа би звонела по телефон на семејството и на најблиските пријатели. Можеби таа би побарала да оди уште еднаш во кинески ресторан (нејзината омилена кујна). Колку е убаво.

Еве некои од оние мали неизвршени работи кои многу би ме налутиле, ако сфатам дека деновите ми се изброени.

Би се налутил дека не сум се сретнал со пријателите, на кои требаше да се јавам “тие денови”.
Би се налутил дека не сум ги напишал писмата кои требаше да ги напишам “тие денови”.
Би се налутил дека не кажував почесто на своите најблиски колку ги сакам.

Отсега натаму ништо нема да пропуштам! Нема да го одложувам работите кои ми носат радост и кои ме смеат.

Повторувам дека секој ден е посебен. Секој ден, секој час, секоја минута се посебни.