Деловите од денот различно влијаат на човековиот организам според тврдењето на експертите. Нивото на холестерол, крвен притисок, хормони, се разликува од час во час. Тоа влијае на нашето ментално и физичко здравје, од тука се оние утрински тегоби и главоболки секогаш напладне.
Шест часот
Ризиците за било каков удар се најголеми помеѓу 6 часот наутро и на пладне, според американски научници,и затоа се препорачува наутро да се зема богат и здрав оброк.
Седум часот
Нашиот одбранбен систем е најосетлив во првиот час од започнувањето на денот. Англиските научници ваквата појава ја објаснуваат преку различните нивоа на антитела и кортизол во организмот, во тој период. Имаме намалено ниво на антитела од прв ред и зголемено ниво на кортизол, хормон на стресот кој го слабее имунолошкиот систем. Поради тоа треба да избегнувате напорно вежбање во раните утрински часови, бидејќи вашето тело не е отпорно на вируси и бактерии.
Осум часот
Италијанските научници заклучиле дека најголеми шанси за срцев удар имате околу 8 часот. Ова не значи дека не може да добиете и во друг дел од денот, но ризикот е поголем во ова време. Во овој временски интервал најчесто крвниот притисок е повишен, при што дополнително се зголемуваат шансите за срцев удар.
Девет часот
Овој е можеби најпродуктивниот час од утрото. Човекот тогаш има голема способност за краткотрајно помнење, затоа ова е одличен период за повторување на наученото од вчера, а особено пред испит. Исто така бројот на сперматозоидите е поголем така што полесно може да се зачне дете.
Страни: 1 2