Loading...

Секогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци


Сите луѓе се справуваат со скршено срце на различен начин. Некои ги кријат вистинските емоции од партнерот и ги искажуваат насамо, други, пак, воопшто не се воздржуваат да пуштат по некоја солза (или две). Доколку верувате во хороскоп, тогаш сигурно знаете дека ѕвездите имаат големо влијание на вашата реакција на раскинувањата. Постојат неколку хороскопски знаци кои многу емотивно го доживуваат секое раскинување, а тие чувства ги пренесуваат и на партнерите, поради што тие никогаш нема да можат да заборават што сториле и колку ги повредиле, пишуваат од кафепауза.мк.

Кога еднаш ќе раскинете со некој од овие хороскопски знаци, нема враќање назад, бидејќи тие едноставно не можат да преминат преку тоа што сте им го скршиле срцето кое толку несебично ви го подариле. Ќе се чувствувате лошо поради начинот на кој сте се однесувале и ќе сакате да ги повлечете сите зборови што сте ги кажале, а не сте ги мислеле. Ова се 5-те хороскопски знаци кои ќе ве натераат да зажалите поради тоа што сте им раскинале…

1. Рак

Раковите се многу чувствителни луѓе, особено кога станува збор за љубовта. Ако нештата помеѓу нив и саканите тргнат наопаку, тие ќе сторат сѐ за да ја одржат врската во живот. Доколку решите да го скршите срцето на Ракот, подобро е да имате вистинска причина за тоа. Тие ќе можат да ве разберат доколку сте престанале да ги љубите, но никогаш нема да ви простат неверство. Ако им го скршите срцето, Раковите ќе ве сметаат за странци и нема да ве удостојат ниту со едно „здраво“ кога ќе се сретнете на улица.

Засекогаш ќе се каете доколку раскинете со некој од овие 5 хороскопски знаци

2. Вага

Вагите се многу нежни и грижливи во љубовните врски, но ако им го скршите срцето, ќе запознаете една сосема друга личност. Тие се водат според мотото „Сѐ е дозволено во љубовта и војната“. Тие можеби одбегнуваат конфликти, но ќе дадат сѐ од себе за да ви покажат колку многу сте ги повредиле. Можеби дури и ќе се обидат да го скршат и вашето срце. Постојат дипломатски начини на кои можете да раскинете со Вага, но лесно можете да погрешите и да завршите како тотални странци кои никогаш повеќе нема да се погледнат.

Страни: 1 2 3